• петок, 22 ноември 2024

Студентите од Јејл ја напуштија церемонијата за доделување на дипломи поради војната во Појасот Газа

Студентите од Јејл ја напуштија церемонијата за доделување на дипломи поради војната во Појасот Газа

Вашингтон, 21 јуни 2024 (МИА) – Дипломци од Универзитетот Јеил ја напуштија церемонијата на доделување на дипломи во знак на протест поради израелската војна во Појасот Газа, финансиските врски на Универзитетот со производителите на оружје и одговорот на институцијата на пропалестинските демонстрации во кампусот.

Студентите почнаа да излегуваат откако претседателот на универзитетот Питер Саловеј го започна својот говор, носејќи плакати на кои пишуваше „Книги, а не бомби“, како и „Отфрлете ги обвиненијата“ и „Заштитете ја слободата на говорот“, алудираќи на 45-те уапсени студенти во полициската акција во кампусот минатиот месец.

Некои носеа црвени латекс ракавици за да ги симболизираат раскрвавени раце. ми/

фото: Принтскрин ЈуТјуб

Остани поврзан