• петок, 18 април 2025

Студентите на Богословскиот факултет во Белград повикуваат утре на помен за загинатите во Кочани и во Нови Сад

Студентите на Богословскиот факултет во Белград повикуваат утре на помен за загинатите во Кочани и во Нови Сад

Белград, 21 март 2025 (МИА) - Студентите на белградскиот Православен богословски факултет во блокада повикаа на помен за загинатите во дискотеката во Кочани и за луѓето загинати при уривање на бетонска настрешница во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.

Во објава на Инстаграм напишаа дека утре во Белград во црквата Свети Никола во 14 часот ќе се одржи поменот.

„Ве повикуваме заедно да учествуваме на молитвен собир и сеќавањето на загинатите во Нови Сад на 1 ноември 2024 година како и на загинатите во Кочани на 16 март 2025 година“. зш/

Остани поврзан