• четврток, 20 март 2025

Студентите во Ниш ќе собираат утре парични средства за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Студентите во Ниш ќе собираат утре парични средства за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Белград, 20 март 2025 (МИА) - Студентите во Ниш ќе собираат утре парични донации за помош за семејствата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, јави МИА. 
Студентите првично ќе им доделат медали на оние кои пешачеле или возеле велосипед до Белград на протестите, потоа ќе организираат изложба по повод 100-те дена од блокадата и во исто време - ќе собираат пари за помош на семејствата на повредените во пожарот во Северна Македонија. 

Според неформалната група студенти во Ниш, најпрвин ќе им оддадат почит на жртвите во Нови Сад со 15-минутно молчење од 11:52 до 12:07 часот.

При посетата на изложбата, студентите напоменуваат дека тогаш ќе собираат парична помош за семејствата на повредените во пожарот во Кочани, а ќе биде поставена и кутија за донации. Тие упатија повик до сите граѓани кои ќе дојдат да донираат барем симболична сума која ќе биде проследена до семејствата на повредените во пожарот во Кочани. зш/

Остани поврзан