• четврток, 04 декември 2025

Струшки водовод со редовни теренски контроли ја намалува злоупотребата на водата за пиење

Струшки водовод со редовни теренски контроли ја намалува злоупотребата на водата за пиење

Струга, 21 јули 2025 (МИА) - Педесеттина семејства се затекнати и опоменати за злоупотреба на водата од градскиот водовод во Струга и околината по направените теренски контроли на работните групи на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, во соработка со месните заедници, општинси инспектори и полициски службеици, информира за МИА директорот на претпријатието Дашмир Насуфи.

Според него, свесноста кај месното население е на повисоко ниво за разлика од минатата година, кога при такви контроли истиот период биле затекнати двојно повеќе, односно имало над 100 опомени за злоупотреба на вода.

- Постојаните контроли и обновата на пумпите и водоводната мрежа даваат резултати. Иако градот е полн, печалбарите се вратени, притисокот на вода е на повисоко ниво за разлика од претходните години. Два тима на претпријатието се постојано на терен за санирање дефекти доколку се појават, истакна Насуфи.

Забележа и дека издашноста на изворите е подобра од лани и не очекува поголеми проблеми во водоснабдувањето во градот. Доколку има потреба најави рестрикции.

Упати апел до граѓаните за поголема совесност и рационално користење на водата за пиење, бидеќи, како што рече, доаѓаат пожешки денови.

-Акцијата за теренски контроли ќе продолжи и писмено ќе бидат предупредени корисниците за кои ќе се утврди дека злоупотребуваат вода за пиење. Во случај на повторување на делото согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води ќе бидат казнети до 3.000 евра и исклучување од водоводна мрежа, истакна Насуфи. сс/дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан