Струмичкиот Завод и музеј присуствуваше на координативен состанок во Грција за проект преку Интеррег програмата
- Делегација предводена од директорот на НУ „Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица“, Бранко Ѓоргиев, присуствуваше на координативен состанок во Гумениса, Република Грција, во рамките на проектот за изработка на покривна конструкција на термалното римско лекубалиште во Банско, кај Струмица, финансиран преку Интеррег програмата на Европската Унија, соопштија денеска од оваа установа.
Струмица, 31 октомври 2025 (МИА) - Делегација предводена од директорот на НУ „Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица“, Бранко Ѓоргиев, присуствуваше на координативен состанок во Гумениса, Република Грција, во рамките на проектот за изработка на покривна конструкција на термалното римско лекубалиште во Банско, кај Струмица, финансиран преку Интеррег програмата на Европската Унија, соопштија денеска од оваа установа.
Како што се наведува во соопштението, целта на состанокот била усогласување на активностите поврзани со реализацијата на проектот за изработка на покривна конструкција над термалното римско лекувалиште во Бањско, еден од најзначајните археолошки локалитети во регионот.
-На средбата беа разгледани тековните проектни активности, техничките решенија и роковите за нивна реализација, со цел обезбедување долгорочна заштита и промоција на културното наследство, се наведува во соопштението.
Се додава дека проектот претставува уште еден значаен чекор во насока на унапредување на соработката меѓу институциите од двете држави во областа на заштитата и валоризацијата на културното наследство, со поддршка од Европската Унија. рт/дма/
Фото: Завод и музеј Струмица