Струмичани покажаа голем интерес за презентацијата на грантови за зелена енергија
- Граѓаните на Струмица денеска покажа голем интерес за презентацијата на грантовите за зелена енергија на информативниот настан „Поддршка за домаќинства-Грантови за зелена енергија“, посветен на можностите за финансиска поддршка преку Фондот за зелено финансирање и УНДП за набавка на клима-инвертери, топлотни пумпи и енергетски ефикасни фасади.
Струмица, 17 декември 2025 (МИА) - Граѓаните на Струмица денеска покажа голем интерес за презентацијата на грантовите за зелена енергија на информативниот настан „Поддршка за домаќинства-Грантови за зелена енергија“, посветен на можностите за финансиска поддршка преку Фондот за зелено финансирање и УНДП за набавка на клима-инвертери, топлотни пумпи и енергетски ефикасни фасади.
Според Гордана Поповиќ Видман, проектен менаџер во УНДП, досега се вклучени пет банки, една лизинг компанија и микро финансиска организација кои обезбедуваат поволно финансирање и бесплатна техничка помош за инвестиции од граѓани и мали и средни претпријатија за обновливи извори и енергетска ефикасност.
-Барањата се финансираат и се поддржуваат со техничка помош за да можат граѓаните и мали и средни фирми да инвестираат во енергетски ефикасна опрема како што се топлински пумпи, надворешна фасада за изолација, покривни конструкции, надворешни врати, енергетски ефикасни прозорци, системи за затоплување и ладење, фотоволтаици, сончеви колектори за топла вода и батерии, кои помогаат во намалување на емисиите на стакленички гасови, во заштеда на сметките за енергија и подобрувања во комфорот, смета Поповиќ Видман.

Вкупната сума за грантовите ја определуваат банките со кредитни линии, како и вкупни лимити по поединичен заем. Кај домаќинствата просечната вредност е 9 до 10 илјади американски долари во денарска противредност, но лимитите до максимумот зависат и од кредитната изложеност на граѓаните, како и од набавката на одредена опрема.
-Програмата е активно до 2027 година и можат да конкурираат самохрани родители, домаќинства со лица со попреченост, домаќиснтва во кои има еден приход или домаќинства кадешто има членови од ромската заедница, млади од 18 до 35 години кои водат свое домаќинство, како и други целни групи како што се повратници од странство, приматели на дознаки од странство се во во фокусот на оваа програма во делот за домаќинствата и може да се обратат или во финансиските институции што се партнери во програмата или во кацеларијата на УНДП или на меил адресите, додаде Поповиќ Видман.
Појасни дека по инсталацијата на опремата се пријавува дека проектот е завршен и независен верификатор го потврдува и тој проект што е верификуван се квалификува за субвенција или грант во вредност до 30 отсто како неповратни средства во износот на кредитот.
Кај малите и средните претпоријатија субвенциите се 5 отсто за енергетска ефикасност или 10 отсто за обновливи извори или комбинација обновливи извори и енергетска ефикасност од вредноста на кредитот што компанијата го користи, односно лимитот во просек е до еден милион евра.
На информативниот настан се обрати и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, кој истакна дека заедно со партнерите од УНДП работат на подобрување на квалитетот на воздухот во Струмица.
-Овој настан е еден во низата мерки кои ќе се реализираат во следниот период, но и други мерки во наредната година како што се субвенционирање на набавка на клими инвертери во одредени делови на градот каде загадувањето е најголемо. Потоа имаме
унапредување на електричниот јавен превоз и зголемување на вело патеките во градот, поставување урбана опрема и паркинг рампи со цел да можеме проблемите со загадувањето на воздухот да го решаваме чекор по чекор, рече Јанков.
Инаку, програмата „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и справување со климатските промени“ е заедничка програма од ОН во нашата земја, која ја спроведува УНДП заедно со Меѓународната организација за миграции, Европската банка за обнова и развој, Владата и локални финансиски институции. рт/дма/
Фото: МИА