• среда, 26 јуни 2024

Струмичанец со тројца малолетници нападнале сопруг и сопруга во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет

Струмичанец со тројца малолетници нападнале сопруг и сопруга во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет

Струмица, 17 јуни 2024 (МИА) - Полицијата го сомничи Е.М. (37) од Струмица дека синоќа заедно со тројца малолетници физичи го нападнале Е.И. (23) и неговата сопруга во нивниот дом во Струмица. При нападот со остар предмет му нанел повреда на младиот струмичанец.

Како што соопштија денеска од СВР Струмица, напаѓачот бил лишен од слобода и бил задржан во полициската станица во Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица.

Во соопштението се додава дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. рт/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан