• петок, 05 декември 2025

Струмица со победа ја започна одбрана на титулата

Струмица со победа ја започна одбрана на титулата

Скопје, 3 ноември 2025 (МИА) – Македонскиот одбојкарски шампион Струмица забележа победа со 3:0 викендот на гостувањето кај Лирија, во рамките од второто коло. Поради обврските во ЦЕВ Лигата на шампионите струмичани беа принудени да го одложат првиот натпревар од домашното првенство против Јанта Волеј.

Вториот викенд кај мажите не донесе изненадувања, односно Штип УГД ја потврди фаворитската улога против дебитантот Скопје. Сушево со максимален резултат ја совлада Македонија Џио во регионалното дерби, додека Шкендија во три сета се радуваше над Весна Пробиштип пред својата публика. Дуелот од ова коло кој го носеше епитетот дерби се одигра уште во четвртокот и заврши со 3:0 победа на Работнички над Борец. Последниот дуел од втората рунда меѓу Јанта Волеј и Универзитет во Тетово е одложен и ќе добие дополнителен термин за одигрување.

Резултати одбојка Прва лига мажи – 2. коло:

Работнички – ГОК Борец 3:0 (25:13, 25:22, 25:20)
Скопје – ШТИП УГД 0:3 (7:25, 9:25, 14:25)
Македонија Џио – Сушево 0:3 (21:25, 15:25, 22:25)
Шкендија – Весна Пробиштип 3:0 (25:21, 25:13, 28:26)
Лирија – Струмица 0:3 (22:25, 23:25, 16:25)
Јанта Волеј – Универзитет во Тетово одложена. зс/

Фото: ОФМ

Остани поврзан