• недела, 22 декември 2024

Струмица го заврши настапот во квалификациите во одбојкарската Лига на шампиони

Струмица го заврши настапот во квалификациите во одбојкарската Лига на шампиони

 

Атина, 24 септември 2024 (МИА) – Македонскиот одбојкарски првак Струмица загуби вечерва на реваншот во Атина од Олимпијакос со 3-0 и со два порази во дуелот со грчкиот противник го заврши настапот во 1 квалификациско коло во Лигата на шампиони.

Македонскиот тим, кој пред една недела во Струмица загуби с максимални 3-0. на реваншот во Атина освои 19 поени во првиот, 17 во вториот и 21 поени во третиот сет.

Прв поентер во редовите на Струмица беше Стојан Илиев со 12 поени.

Настапот на европската сцена одбојкарите на Струмица го продолжуваат во квалификациите во второто по ранг клупско натпреварување, ЦЕВ Купот. ег

ФОТО: ОК Струмица/Фејсбук

Остани поврзан