• четврток, 04 декември 2025

Струга доби две возила за собирање отпад во тесните улички на центарот на градот

Струга доби две возила за собирање отпад во тесните улички на центарот на градот

Струга, 2 декември 2025 (МИА) - Јавното претпријатие „Комунално“ од Струга доби две нови возила за собирање отпад во тесните улички на централното градско подрачје, инвестиција од 1.200.000 денари, соопшти Општина Струга.

Двете нови возила се набавени преку проектот „Јакнење на капацитетите на јавните комунални претпријатија“ реализиран од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, финансиран преку Програмата за рамномерен регионален развој.

Целта, според Општина Струга, е подобрување на комуналните услуги во пет општини од регионот преку набавка на современа опрема и нови возила.

Во рамките на проектот Општина Вевчани доби специјална машина за одржување на канализацискиот систем, што, како што истакна градоначалникот Спасе Кочовски, ќе овозможи подобрување на техничките капацитети на комуналното претпријатие. сс/аа/

Фото: Општина Струга

Остани поврзан