• недела, 22 декември 2024

Сто и пет санкции за пребрзо возење на територија на СВР Штип

Сто и пет санкции за пребрзо возење на територија на СВР Штип
Скопје, 3 мај 2021 (МИА) - Сто и пет возачи се санкционирани за возење побрзо од дозволеното во  засилена акциска контрола спроведена денеска во периодот од 10 до 16 часот на подрачјето на СВР Штип, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи. Седумдесет прекршоци се од  возачи кои ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 35 во населено место.Откриени се и 21 друг вид на прекршоци. Претходно од МВР известија и дека се санкционирани 144 возачи  на територијата на СВР Тетово, исто така за возење со брзина повеќе од дозволеното.лв/

Остани поврзан