• недела, 24 ноември 2024

Стојкоски: Со пенакло, насмевка и бројот 7 бираме модерно Ѓорче, за општина на задоволни граѓани

Стојкоски: Со пенакло, насмевка и бројот 7 бираме модерно Ѓорче, за општина на задоволни граѓани
Скопје, 15 октомври 2021 Пред изборниот молк, Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник за Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во недела жителите на општината имаат шанса да го променат тоа што досега не им ги промени животите на подобро. Со порака да гласаат за бројот 7, Стојкоски е дециден дека Ѓорче ќе биде повторно општина на задоволни граѓани. „Во целата кампања за изборите, мој и ваш заеднички став беше и е: „Ѓорче не го личи вакво, со кал, без вода, канализација, инфраструктура, со лаги, лажни ветувања и куп проблеми“. Затоа и пред изборниот молк Ви се обраќам, за да Ви кажам дека заедно менуваме. Веќе во недела, на изборите. Бидејќи можеме и мораме. Со глас за бројот 7. Сакаме општина со задоволни граѓани. Со тимот на советници од ВМРО-ДПМНЕ, предводени од д-р Ленче Нелоска знаеме што Ви треба на сите вас. Зад нас е тешка кампања, бидејќи нас таа ни траеше четири години, бидејќи ние не сме од оние кои со вашите вистински проблеми се занимаваат само пред избори“, посочи Стојкоски. Тој изрази и голема благодарност на сите кои во изминатиов период му дале поддршка преку пораки, идеи, коментари. Тоа за него, како што посочи е мотивација повеќе за Ѓорче да биде општина со која секој поединец кој живее во неа, ќе се гордее. „Ние своето не го ветувавме, туку докажавме дека ќе го решиме, бидејќи таква ни е програмата, која ќе се реализира во следните четири години. Веќе сега се осеќа радоста! Радоста во која ја гледаме надежта, заедно со поддршката која сега ни ја дадовте од сите страни. Затоа Ве повикувам со целиот тим, во недела, заеднички да ги донесеме промените. Да ја поддржиме политиката поттикната од желбата за подобро утре за сите, ама баш сите наши граѓани. Со пенкало во раце и насмевка на лице, во недела одиме гордо и радосно на избирачките места за да Ѓорче биде модерно, хумано, урбано! Не заборавајте, бројот 7 е тоа што Ѓорче ќе го направи место со кое сите повторно ќе се гордееме!“, додаде Стојкоски.
Александар Стојкоски кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров
 
————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.
 

Остани поврзан