• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стојкоски се сретна со шампионките на ЖРК Ѓорче Петров 

Стојкоски се сретна со шампионките на ЖРК Ѓорче Петров 

Скопје, 2 јуни 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска оствари средба со ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров, кои вторпат по ред ја освоија двојната круна – титулата во Првенството и трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција, соопштија од Општината.

Стојкоски им честитал на ракометарките и на стручниот штаб за извонредната сезона и за континуираниот успех што го постигнуваат на национално ниво.

- Ѓорче Петров е гордо на вас. Со вашата посветеност, тимски дух и резултати, вие сте вистински амбасадори на нашата општина. Како локална самоуправа ќе продолжиме активно да го поддржуваме спортот, затоа што веруваме дека преку спортот се гради здрава и успешна заедница, изјавил градоначалникот Стојкоски.

ЖРК Ѓорче Петров, велат од Општината,  е еден од најуспешните женски спортски колективи во земјава и континуирано ги претставува боите на општината со огромен успех. сст/дма/

Фото: Општина Ѓорче Петров 

 

 

Остани поврзан