• петок, 05 декември 2025

Стојкоски: Нов пензионерски дом во Ѓорче Петров со капацитет до 80 станари

Стојкоски: Нов пензионерски дом во Ѓорче Петров со капацитет до 80 станари

2 октомври 2025

Се грижиме за највозрасните! Континуирано даваме поддршка на сите активности на нашите пензионери во Ѓорче Петров, а и тие не го забораваат нашиот ангажман и се постојано активни и се присутни на терен, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Затоа, сакам да направам еден голем гест за идните генерации на пензионери, за луѓето коишто староста ја поминуваат овде во Ѓорче Петров.

Ѓорче Петров ќе го добие првиот пензионерски дом кој ќе биде на локација на поранешното „Борово“. Овој пензионерски дом ќе биде со површина од 1.800 метри квадратни и ќе може да прими од 60 до 80 станари.

Покрај становите за новите жители во овој дом, овој дом ќе располага и со заеднички простор од приближно 200 метри квадратни каде што луѓето ќе можат во староста да се дружат, да се забавуваат и да ги исполнуваат нивните секојдневни социјални услуги.

Како човек сум многу благодарен на генерациите кои што оделе пред нас, кои се грижеле и создавале за нашата Македонија и сакам на овој начин како заедница да им возвратиме да имаат помирна и сигурна старост.

Линк од видео материјал: 
https://www.youtube.com/watch?v=w8ABOjFhkdI

 

Стојкоски: Исчистивме диви депонии во Ѓорче Петров, најголем дел од програмата е посветен на животната средина

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори беше гостин во Студио 10 на телевизија 24. Стојкоски зборуваше на темата за заштита на животната средина и истакна дека Општина Ѓорче Петров изминативе 4 години направи значајни чекори во овој сектор преку расчистување на дивите депонии како и замена на фосилните горива со енергетски ефикасни решенија. Како што вели тој, по повеќе од 10 години, општина Ѓорче Петров е рангирана меѓу најтранспарентните општини, што потврдува дека се работи одговорно, ефикасно и во интерес на граѓаните.

„Во делот на чиста зелена и ефикасна општина, зборувам во делот на заштита на животната средина можеби имаме и најголем дел од програмата посветено на овие 140 проекти. Затоа што имаме искуство во делот на справувањето со проблемите на животна средина во Ѓорче Петров“, рече Стојкоски.

Стојкоски истакна дека уште од самиот почеток се преземени конкретни мерки за справување со проблемот на дивите депонии, со целосно расчистување на депонијата во Ново Село, а додаде и дека фактот што во последните години четири години нема протести поврзани со депонии сведочи дека граѓаните се задоволни.

„Уште од првиот момент се зафативме со расчистување на диви депонии. Ние Вардариште го имавме во Ѓорче Петров. Тоа се викаше депонија Ново село. Таму имаше бројни реакции од луѓето, имаше протести, јас во последниве 4 години протест за депонија во Ѓорче Петров не сум видел“, вели Стојкоски.

Според Стојкоски, Општина Ѓорче Петров презема конкретни чекори за намалување на загадувањето од фосилни горива преку замена на стари системи за греење со топлински пумпи во училиштата, новата општинска зграда која исто така е целосно енергетски ефикасна, Геронтолошкиот завод, и поликлиниката.

„Ако било тоа причина за извор на загадување. Ние предвидуваме и веќе започнавме постапка во едно училиште за замена на постојните фосилни горива со топлински пумпи, обезбедени се средства од светска банка преку проект за замена во дополнителни три училишта. Новата општинска е целосно енергетски ефикасна, објектот во кој што се преселивме. И веќе не загадува со фосилни горива“, рече Стојкоски и додаде:

„Основното училиште во хром од фосилен систем на греење го префрливме во дел со централно парно греење. Сме направиле сериозни исчекори во делот на замена на фосилните горива. Дел сме од меѓународен проект и повеќе објекти во Ѓорче Петров ќе добијат замена на постојните извори на греење зборувам и за Геронтолошкиот завод „13 ноември“ во Ѓорче Петров исто така и за поликлиниката во Ѓорче Петров“.

Стојкоски понатаму истакна дека по повеќе од една деценија, општина Ѓорче Петров за прв пат се најде меѓу општините со многу добра транспарентност.

„Општина Ѓорче Петров за прв пат во изминативе 10 години влегува во групата на многу добро транспарентни општини. Тоа се официјални податоци кои што ги има на интернет“, заклучи Стојкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан