• понеделник, 23 декември 2024

Стојанче Ангелов им оддаде почит на загинатите бранители кај Вејце

Стојанче Ангелов им оддаде почит на загинатите бранители кај Вејце
Скопје, 28 април 2022 (МИА) - Претседателот на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов денеска им одаде почит на загинатите припадници на Армијата и на полицијата кај Вејце на 28 април 2001 година. - Дваесет и една година подоцна, осум црвени ружи и осум запалени свеќи во чест и помен на осумтемина загинати македонски бранители, убиени во крвавата заседа кај село Вејце. Да не се повтори, да не се заборават: Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Кире Костадиновски (24) и Бошко Најдовски (24), сите од Битола. Вечна Ви слава, херои македонски, напиша Ангелов на својата Фејсбук страна. сх/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан