• петок, 22 ноември 2024

Стојаноска: Јасно е дека СДС и ДУИ немаат мнозинство за уставни измени

Стојаноска: Јасно е дека СДС и ДУИ немаат мнозинство за уставни измени

Скопје, 13 јуни 2023 

Јасно е дека СДС и ДУИ немаат мнозинство за уставни измени. Власта е соголена, откако сами го создадоа проблемот, без да прифатат помош од ВМРО-ДПМНЕ во преговорите, сега повторно арогантно и на штета на државните интереси одбиваат да прифатат еден од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и Ковачевски молчат во однос на предлозите.

Нејасно е зошто СДС не прифаќа предлози, кои значат брза интеграција на Македонија во Унијата и заштита на идентитетот.

Дали проблемот е тоа што ДУИ треба да оди во опозиција или проблем се нови отстапки кои имаат во план да ги прават?

Уште еднаш јасно и недвосмислено порачуваме.

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени под бугарски диктат. Единствен начин за излез од кризата е прифаќање на еден од двата предлози.

1. Преодна влада без ДУИ и уставни измени со одложено дејство со влез на Македонија во ЕУ.

2. Избори на есен, а потоа која и партија да е во опозиција да ги поддржи следните чекори на Владата пред да се гласаат уставните измени, а тоа се барање гаранции од ЕУ институциите за заштита на македонскиот многувековен идентитет, барање финансиски пакет-помош за македонската економија и граѓани, барање од Бугарија да имплементира барем 3 пресуди на Европскиот суд за човекови права за правата на Македонците.

Нејасно е што од овие предлози е проблематично за СДС.

Не разбираме дали СДС има проблем со зајакнување на гаранциите за државата или со тоа што ДУИ ќе оди во опозиција.

Дали СДС е заложник на ДУИ заради меѓусебни корупциски зделки? Или пак планира да го срози македонскиот идентитет менувајќи го Уставот сега и оставајќи простор во тек на преговорите со Европската унија, Бугарија да не’ блокира секогаш кога сака и со тоа да ја принудува Македонија целосно да си го уништи идентитетот?

Време е Ковачевски и СДС да сфатат дека времето за зачувување на идентитетот и интеграција е сега. Потоа, само тие ќе бидат виновни за сите порази.

 

Дафина Стојаноска, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан