• недела, 22 декември 2024

Стојаноска: Успесите во спортот, секоја нација ја прават горда и не прават поделби

Стојаноска: Успесите во спортот, секоја нација ја прават горда и не прават поделби

Гостивар, 19 април 2024 (МИА) - Носителката на листа во шестата изборна единица од коалицијата „Твоја Македонија ВМРО ДПМНЕ“, Дафина Стојаноска во изјавата дадена во Гостивар напомена дека успесите во спортот не прават поделби и секоја нација ја прават горда.

Таа се наврати на обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од синожешниот митинг во Охрид кој повика и на национално обединување.

- Како решение, државата да си ја вратиме во рацете на народот, бидејќи во моментов е во рацете на мафијата. Како одличен пример за обединување е спортот, бидејќи успесите во спортот, без разлика дали се работи за индивидуален или колективен, секоја нација ја прават горда и никоја нација не ја делат. Токму денес во Гостивар ни е дојден претседателот на Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ, Борко Ристовски, кој има што да порача, рече Стојаноска.

Во изјавата Ристоски најави програма која предвидува напредок на спортот преку директни вложувања и создавање на ново министесртво ќе ги третира младите и спортот.

- Еден од постулатите за обединување на македонското општество е спортот. Затоа ние во нашата програма направивме чекори и акти коишто ќе носат напредок во спортот, напредок на нашата младина. Тоа е ново министерство за спорт, нови 50 милиони евра во четиригодишен мандат и грижа за сите оние коишто придонеле за спортот во минатото. Затоа, да се обединиме преку спортот да Македонија повторно си ја вратиме назад, рече Ристовски. згм/сст/




Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан