• петок, 05 декември 2025

Стојаноска: СДСМ ги повлече амандманите затоа што немаше аргументи, Владата е подготвена да се справи со пожарите

Стојаноска: СДСМ ги повлече амандманите затоа што немаше аргументи, Владата е подготвена да се справи со пожарите

Скопје, 14 јули 2025 (МИА) - Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната прес-конференција по повод официјалното завршување рсправата за ребалансот на буџетот на собраниската Комисија за финансирање и буџет даде кратко резиме од страна на нивната пратеничка група, со оценка дека, како што вели, некредибилни ликови од народот понудиле кредибилни проекти за проблемите на луѓето за кои, како што рече, требало да ги решат во текот на нивното седумгодишното владеење.

-Имено, што се случи при овој ребаланс? Се случи некредибилни ликови од народот да понудуваат кредибилни проекти за луѓето. Зошто велам некредибилни? Затоа што се тоа тие истите оние луѓе кои имаа можност изминатите седум години кога беа на власт да ги решат овие проблеми на луѓето. Но, еве сега велат дека нудат помош. Инаку, со новиот Деловник, Комисијата за финансирање и буџет може да трае 10 плус два дена доколку не стаса периодот од десетте дена за амандманска расправа, но кукавичлукот и неспособноста на СДСМ завршија на три дена општа расправа за буџет и оние седум плус два дена ги сведоа на четири кои што реално можеа и за два дена да завршат, бидејќи нели се префрлија на Планот Б, а тоа е повлекување од сите амандмани, рече таа.

Стојаноска потенцира дека СДСМ ги повлекле поднесените амандмани, бидејќи, вели, немале аргументи.

-Јас и на Комисијата кажав дека повлекувањето беше затоа што немаа аргументи, немаа капацитет, немаа луѓе, немаа гласност за да дебатираме пред граѓаните во Собранието за тоа кој нуди решенија и кој реално ги решава проблемите кои останаа како наследство во време на владеењето на СДСМ и ДУИ.  Во однос на обвинувањата дека не сме ги прифатиле нивните комисиски амандмани прво јавноста мора да знае дека тие не беа во полн капацитет ниту денес, односно со само три гласа „за“ не им пројдоа амандманите, рече таа. 

Стојаноска соопшти дека за ребалансот на Буџетот прифатени се амандмани во вкупен износ од 61 милиони денари.

-Еден амандман е прифатен од подносителот Оливер Спасовски, кој се однесува на инфраструктурен проект во неговата општина во вредност од 6 милиони евра. Прифатен е амандман во вредност од 50 милиони вера, кој се однесуваше на здруженијата за лицата со попреченост и нивните потреби. И денеска еден комисиски амандман во вредност од 5 милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Нивниот амандман за пожарникарите не е изгласан, односно никој не гласаше „против“, а за жал немаше некој да гласа „за“. Не знам колку се во тек колегите од СДСМ, ДУИ и Левица дека веќе е во тек план за вработување на 400 пожарникари. Во полна кондиција е се што се однесува до опрема на оваа Влада за справување со пожарите. И факт е дека и најмалиот и најголемиот пожар, и во зафатнина и во моќност не траел повеќе од 12 часа. Значи, оваа Влада со оваа подготвеност е спремна да се справи со овие пожари, рече Стојаноска. фф/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан