• недела, 22 декември 2024

Стојаноска: Младите одбираат промени, ВМРО-ДПМНЕ ветува нови 50.000 вработувања

Стојаноска: Младите одбираат промени, ВМРО-ДПМНЕ ветува нови 50.000 вработувања

Скопје, 5 април 2024

Со вчерашниот митинг во Скопје започнавме да ја пишуваме историјата на горда Македонија.

Она што особено како политичари и родители ме радуваше, тоа беше присуството на огромен број на млади вчера. Младите изминатите 7 години видоа што значи да се водат лоши и понижувачки политики за Македонија, но и за младите.

Со програмата Платформа 1198 ВМРО-ДПМНЕ за младите во Македонија за следните 4 години 50.000 нови вработувања, ветува издвојување на посебен фонд за врвна наука, издвојување на директна поддршка од 50 милиони евра за спортот и културата. И ветува возобновување и надоградување на проектот купи куќа за млади.

Со младите во Република Македонија ќе ја изградиме Македонија да биде во твои раце и Македонија повторно да биде горда.

 

Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото:  ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан