• недела, 22 декември 2024

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди вработување на повеќе од 50.000 млади во текот на четиригодишниот мандат

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди вработување на повеќе од 50.000 млади во текот на четиригодишниот мандат
Тетово, 3 јули 2020 (МИА) - Дафина Стојаноска, носителката на листата за шестата изборна единица од коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО - ДПМНЕ попладнево разговараше со жителите на Блаце и Милетино од општина Брвеница. -Луѓето од овде ми се пожалија дека многу млади им се иселиле во странство. Покрај ова ако проблем за мене е и тоа што младите кои не се иселени во странство се оставени на маргините на општествениот развој. ВМРО - ДПМНЕ како партија која ќе ја формира идната влада е свесна за сериозноста на овие проблеми и затоа се обврзува дека ќе обезбеди услови за вработување на преку 50.000 млади луѓе во текот на следниот четиригодишен мандат, истакна Стојаноска. Таа посочи дека се важни условите за живот кај младите додека се во образовниот процес. -Преку современ ученички и сттуденски стандард ќе обезбеди младите да конкурираат рамномерно на пазарот на трудот, ќе ги направи младите активни во носењето на одлуките и ќе направи спорт и кулура по нивна мерка. Ние на ова се обрзуваме и ќе донесеме како повеќе за сите, таа повеќе и за младите во Република Македонија, истакна Стојаноска. ас/рп/

Остани поврзан