• среда, 17 јули 2024

Стојанов : Парите од граѓаните, се трошеа за граѓаните на општината Неготино 

Стојанов : Парите од граѓаните, се трошеа за граѓаните на општината Неготино 
Неготино, 17 март 2023 (МИА) - Парите од граѓаните, се трошеа за граѓаните на општината Неготино, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, откако во вторникот беше усвоена завршната сметка на буџетот на општината. 
 
- На последната седница на Советот на општината Неготино се разгледаа и усвоија годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на општината Неготино за 2022 година. Со посебно задоволство можам да истакнам дека бројките говорат оти зад нас оставаме успешна година, соопшти Стојанов. 
 
Осврнувајќи се на приходите, тој рече дека во основен буџет биле планирани средства од  173.954.760 денари, а реализирани 129.012.259 денари или реализација од 75 отсто, највисока во последните 5 години. Кај вкупниот буџет, појасни,  планирани биле средства од 464.533.795 денари, а реализирани 392.915.361 денари или реализација од 85, проценти, исто така највисока реализација во последните 5 години. 
 
- Многу значајно е и морам да го потенцирам моментот, дека реализацијата на приходите во основниот буџет, е реализирана комплетно без ниту еден трансфер од други нивоа на власта, или конкретно без трансфери од централната власт, нагласи градоначалникот на Неготино. 
 
Зборувајќи за расходите, тој информираше дека основниот буџет е со  реализација од 75 отсто, а вкупниот  буџет со реализација од 80 проценти,  највисоки во последните 5 години. 
 
- Бројките сами по себе говорат за моето и на општината Неготино, домаќинско работење  Како што и  ветив при стапувањето на функцијата градоначалник, немало, нема и ќе нема непродуктивни трошоци додека јас раководам со локалната самоуправа. Трошоците за репрезентации се сведени
на минимум, исто како и трошоците за службени патувања, дневници и слично, што не беше случај во минатото. Да заклучам, додека сум јас градоначалник, парите од граѓаните со кои се полни
буџетот на општината, ќе се трошат исклучиво и само во интерес на граѓаните на општината Неготино, нагласи Стојанов. свд/дма/
 
Фото : МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан