• петок, 05 декември 2025

Стојановски: Последниот натпревар ќе го одиграме со 200%

Стојановски: Последниот натпревар ќе го одиграме со 200%

Скопје, 15.август 2025 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација последниот натпревар од претквалификациите за Светскиот куп 2027 ќе го игра во Скопје против Унгарија. Нашиот тим нема повеќе шанси за пласман во следната фаза, но репрезентацијата останува фокусирана со желба да се оставри првата победа во групата, која ќе треба да биде основа за следните репрезентативни активности.

Лука Стојановски е еден од играчите што постојано добиваше зголемена минутажа на натпреварите со Романија и Унгарија.

- Мора да има промена во пристапот кон младите играчи во нашата Прва лига и дефинитивно мора да има повеќе натпревари од таков калибар во домашното првенство. Последниот натпревар што ќе се игра во Скопје, на 20.август, ќе го одиграме со 200%, без оглед на тоа дека немаме шанси за пласман во квалификациите за Светскиот Куп. Се надевам дека Македонија, поточно македонскиот народ ќе дојде да даде поддршка и ќе навива за „црвено- жолтите“, изјави репрезентативниот бек Лука Стојановски.

Дуелот на македонските кошаркари против Унгарија се игра на 20.август во СРЦ „Кале“ со почеток во 19 часот.    мн/

Фото: КФСМ

Остани поврзан