• четврток, 18 јули 2024

Стојановска и Главевски победници во Топ 8 натпреварите во пинг-понг категорија У19

Стојановска и Главевски победници во Топ 8 натпреварите во пинг-понг категорија У19
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - Во Крушево изминатиот викенд се одиграа Топ 8 натпревари во пинг-понг во категорија помлади од 19 години во машка и женска конкуренција. Во женска конкуренција пласманот на најдобрите три е: 1. Ана Стојановска - ППК Крива Паланка, Крива Паланка 2. Катерина Лаура Михајлов - ППК Телеком Нец 2, Скопје 3. Изабела Ковачовска - ППК Зегин Берово, Берово Најдобри во машка конкуренција: 1. Даниел Главевски Зхоу - ППК Пелагонија, Битола 2. Нико Доага - ППК Крушево, Крушево 3. Лука Стојчев - ППК Шампион Фа, Штип По комплетирањето на сите натпревари во оваа конкуренција У19 за сезона 2021/22 кај машките на табелата прв остана Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, додека Стојановска е прва и со голема предност кај девојките. зс/

Остани поврзан