• недела, 22 декември 2024

Стотици приведени по протести во Хонг Конг (видео)

Стотици приведени по протести во Хонг Конг (видео)
Хонг Конг, 6 септември (МИА) -  Полициските сили приведоа речиси 300 луѓе од протест во Хопг Конг кои денеска протестираа против одложувањето на избор за законодавниот совет на градот и новиот закон за национална безбедност воведен од Кина. Полицијата уапси 289 демонстранти до 21 часот по локално време, од нив 270 за нелегално собирање. Меѓу уапсените има најмалку двајца истакнати активисти од Хонг Конг, Фиго Чан од Цивилниот фронт за човекови права и долгогодишниот пратеник и активист Леунг Квок-хунг. Снимките објавени на Твитер покажуваат како полицијата приведува групи демонстранти, од кои една група ги прскаат со солзавец. Демонстрантите извикуваа „Пет барања, ништо помалку!“ и побара од Пекинг да ги ослободи неодамна уапсените 12 активисти кои се обидоа да побегнат со брод во Тајван. Полицијата нагласи дека извикувањето протестни пароли е кршење на јавниот ред и епидемиолошките мерки. Во текот на денот, властите ги предупредуваа демонстрантите кои извикуваа забранети пароли и одбиваат да се повлечат, дека ги кршат законите за национална безбедност, а полицијата кон нив употреби солзавец. Лидерот на Хонг Конг, Кери Лам ги одложи за една година изборите закажани за законодавниот дом во азискиот финансиски центар што требаше да се одржат на 6 септември, наведувајќи го зголемувањето на случаите на коронавирус како причина за одложувањето. Тој потег беше удар за продемократската опозиција, која се надеваше дека ќе освои историско мнозинство во советот, со само половина од местата избрани директно, а половина составени од веќе избрани членови кои во голема мерка го поддржуваат Пекинг. зш/ https://www.youtube.com/watch?v=ekVMCHV0PTA

Остани поврзан