• петок, 22 ноември 2024

Стотици илјади домови во Канада сè уште се без струја поради ледената бура

Стотици илјади домови во Канада сè уште се без струја поради ледената бура

Монтреал, 7 април 2023 (МИА) – Неколку стотици илјади домови во Квебек и денеска се без струја, два дена откако ледена бура ја погоди источна Канада, при што загинаа две лица и предизвика голема штета, особено во Монтреал.

Околу 630.000 домови денеска сè уште се во мрак, во споредба со 1,1 милион деновиве.

Локалната електродистрибутивна компанија најави дека повеќето од нив до крајот на денот повторно треба да имаат струја.

Во Монтреал се отворени шест привремени центри за итно сместување за да се сместат граѓаните чии домови се без струја.

Ледената бура ги погоди Квебек и Онтарио, двете најнаселени провинции во Канада. Тоа е најголемиот прекин на електричната енергија во Квебек по ледената бура во 1998 година, која ја втурна провинцијата во хаос неколку недели. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан