• недела, 22 декември 2024

Столтенберг: Резултатите од демократските избори во САД мора да се почитуваат

Столтенберг: Резултатите од демократските избори во САД мора да се почитуваат
Брисел, 6 јануари 2021 (МИА) - Бројни светски официјални лица на социјалните мрежи реагираа на настаните во Вашингтон, главно со коментари дека се изненадени, загрижени и шокирани од тековните настани и му дадоа поддршка на новоизбраниот претседател Џо Бајден Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека е шокиран од сцените во Вашингтон и дека резултатот од изборите мора да се почитува. „Шокантните сцени во Вашингтон, резултатот од овие демократски избори, мора да се почитуваат“, објави тој на Твитер. Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, рече дека е загрижен за сцените што ги видел. „Демократските гласови мора да се почитуваат. Убедени сме дека САД ќе обезбедат заштита на правата на демократијата“, напиша тој на оваа социјална мрежа. Шпанскиот премиер Педро Санчез наведе дека верува во силата на американската демократија и дека верува дека новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе го надмине овој момент на тензичност и ќе го обедини американскиот народ.

Остани поврзан