• недела, 22 декември 2024

Столтенберг заминува на турнеја низ јужниот Кавказ

Столтенберг заминува на турнеја низ јужниот Кавказ

Брисел, 17 март 2024 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од денеска со вторник ќе престојува на турнеја низ земјите од регионот на јужен Кавказ, во чии рамки ќе ги посети Азербејџан, Ерменија и Грузија.

Како што соопшти НАТО, денеска Столтенберг ќе допатува во Баку каде ќе има средба со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. Утре, првиот човек на НАТО ќе се сретне со министрите за надворешни работи и за одбрана на Азербејџан, Џејхун Бајрамов и генерал-полковник Закир Хасанов, по што ќе отпатува за Тбилиси.

Истиот ден, во главниот град на Грузија, Столтенберг ќе има средби со грузиската претседателка Саломе Зурабишвили и со премиерот Иракли Кобахидзе.

Турнејата низ јужниот Кавказ, Столтенберг ќе ја заврши во втроник со престој во Ереван, каде ќе се сретне со претседатлот и премиерот на Ерменија, Вахаган Хачатурјан и со премиерот, г-дин Никол Пашинјан. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан