• вторник, 14 мај 2024

Столтенберг во посета на Србија

Столтенберг во посета на Србија

Белград, 20 ноември 2023 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вечерва допатува во Белград каде се очекува утре да има средби со српскиот претседател Александар Вучиќ

На белградскиот аеродром Столтенберг беше пречекан од српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ.

Вечерва на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ го пречекав генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој ќе биде во официјална посета на Република Србија, напиша Вучевиќ на Инстаграм.

Столтенберг претходно ја посети Приштина, каде разговараше со претседателот и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти. ми/

фото: Инстаграм

Остани поврзан