• понеделник, 01 јули 2024

Стоилковски: СДСМ нуди исти луѓе со исти лаги

Стоилковски: СДСМ нуди исти луѓе со исти лаги

Скопје, 30 јули 2021

Нема општина водена од СДСМ со реализиран капитален проект! Нема општина водена од СДСМ со нов отворен капацитет и вработувања за граѓаните! Нема општина водена од СДСМ каде што има барем делумно задоволни граѓани или решен барем еден проблем!

Ама затоа има општини водени од СДСМ каде што царува криминал. Затоа има општини водени од СДСМ каде што царува полнење на администрацијата со партиска војска!

Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници манијачат врз жени!

Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници шверцуваат и пукаат во полиција!

Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници силуваат совети со буџети за машини за перење!

Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалниците плаќаат 300 евра за едно метро даска!

Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалниците кои што плаќаат 500 евра за една клупа!

Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници кои што менуваат дупови се од СДСМ за нова бетонизација!

Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалниците се фалат со чевли од своите фабрики и не даваат плата!

СДСМ се што кажа се што вети се излажа! Нема човек што не се чувствува измамен од ветувањата на градоначалниците на СДСМ. Македонија е земја во рецесија во економска криза, со отпуштени работници, со растечка корупција, со растечки криминал! И СДСМ повторно ви ги нуди истите луѓе повторно со истите лаги!

Време е СДСМ да замине во историја! Време е СДСМ да не се повтори! СДСМ е најлошото за Македонија, СДСМ е најлошото за вашата општина! Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан