• понеделник, 25 ноември 2024

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска на прес-конференција посочи дека покрај затворените хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ не работат ниту апаратите за компјутерска томографија. 

- Во овие моменти кога сета јавност е насочена кон состојбата во Хирургија, кога сите скопски болници се преоптоварени со пациенти заради Хирургија, сега се исклучени и компјутерите за томографија. Ова е се само не ред, здравство, грижа за пациентите и посветеност на министерот и сиот раководен тим на Хирургија, рече Стоилковски.

Запраша дали министерот Илир Демири знае дека најмалку петмина од раководството и администрацијата на Хирургија, меѓу кои и Адмир Дајоски, економскиот директор на Торакална, заминале на патување на Азурен Брег.

- 12 дена нема операции заради лош мирис иако министерот тврди дека воздухот не е компромитиран, не работат лифтовите, фирма моли за услови да се исполнат преземените обврски на тендер, сега и компјутерите за томографија и РТГ се исклучени, а раководството со економскиот директор заминале на францускиот Азурен брег. Сето ова не остава простор да се гледа како на инцидент, туку е резултат на целосна негрижа со напластени проблеми, рече Стоилковски. нд/бак/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан