Стоилковски: Македонските државјани граѓани од втор ред, за нив нема пасоши
- Зоран Заев Македонија ја претвори во држава во којашто предност има режимот на мафијата а сите други се граѓани од втор ред.
Скопје, 18 јуни 2021
Зоран Заев Македонија ја претвори во држава во којашто предност има режимот на мафијата а сите други се граѓани од втор ред.
Режимот на мафијата во кој што припаѓа и МВР на Оливер Спасовски не издава пасоши за македонски граѓани.
Почитувани, нема посрамна и посмешна, но и потрагична одлука од онаа измена на Законот за патни исправи на Спасовски и на Режимот за продолжување на важењето на пасошите! Тоа што Спасовски го гарантира дома, не значи дека важи во државите во светот! Одлуките на Спасовски и на режимот во Службен весник важат само до граница!
Никој не може да гарантира дека на било кој граничен премин официјално лице на државата во која што македонски граѓанин ќе се обиде да влезе со истечен пасош, дека нема да има основа тоа лице да биде вратено назад.
Никој не може да гарантира и дека доколку влезе, во било кој хотел, лице со македонски пасош кој е истечен, може тој пасош да не му биде земен предвид. Или истото да се случи во банка или било која институција, здравството, во странство каде треба да потврди идентитет.
Уште повеќе, никој не може да гарантира дека при било каков случај на проверка на документи од службени лица, на пример сообраќајна полиција, пајак служба, за време на престој во странска држава, македонскиот граѓанин со истечен пасош нема да биде подложен на дополнителни стресови и можеби санкции, додека се објасни дека Оливер Спасовски и режимот во Македонија не издаваат нови, валидни пасоши и дека едноставно одлучиле старите пасоши да важат и натаму.
Само споредено со македонското законодавство, доколку полицаец наиде на странец и тој е затекнат во Македонија со истечен патен документ, тоа се приведува во полициска станица заради потврдување на неговиот идентитетот!
Почитувани, додека сета светска полиција трага по криминалци со македонски пасоши издадени од МВР на Оливер Спасовски, на македонските граѓани им е суспендирано правото за вадење на патни документи, суспендирано им е правото на поседување патна исправа. Патни исправи, пасоши, за македонски државјани во МВР- НЕМА. Ама затоа македонски пасоши имаат 214 белосветски мафијаши со потерници, за шефови на нарко-картели од Србија, Албанија, од Црна Гора. Имало пасоши за мафијаши и извршители од Јужна Америка до далечниот исток, имало пасоши за терористи, за клановите од Италија и Мексико. Ама пасоши нема за македонски државјани!
Почитувани, ова е само уште еден пример за тоа дека македонските граѓани кои што не се дел од шемите на мафијата, за нив се граѓани од втор ред!
Одговор на новинарско прашање на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕНовинарско прашање: Да ве прашам за заклучоците на комисијата за надворешна политика; Милошоски даде одредени заклучоци за усвојување на Декларација од Собранието, дали имате таква иницијатива доставено и дали за тоа има поддршка и од другите партии?
Одговор: Веќе е познато дека не се донесени заклучоци од Комисијата за надворешна политика во Собранието, затоа што беше прекината таа седница на комисијата со тоа што пратениците на владејачкиот режим предвреме ја напуштија седницата на комисијата, односно пратениците на СДСМ и ДУИ ја напуштија пред да може да се обезбеди кворум за да може да се донесе одлука и да има гласање.
Развојот на настаните и она што го читаме од странски медиуми, даваат можеби објаснување за однесувањето за време на собраниската Комисија за надворешна политика. Точно така, во предлог- заклучоците кои требаше да бидат гласани стои, парафразирам, дека Собранието треба да усвои Декларација дека право на секоја држава е заштитата на идентитетските одредници, културата, јазикот и дека за нив државата не треба да преговара.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.