• петок, 22 ноември 2024

Стоилковски: Драги Рашковски, генерален секретар на влада, набавил софтвер за систем за кој што и самиот патентирал софтвер и хардвер

Стоилковски: Драги Рашковски, генерален секретар на влада, набавил софтвер за систем за кој што и самиот патентирал софтвер и хардвер
Скопје, 10 март 2021 Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на владата на Зоран Заев, во јануари годинава јавно објави диплома на ФБ. Дипломата, наградата за Драги Рашковски е златен медал од „Глобален Форум за Иновации“ во Кипар за негова иновација во областа на транспортот и сообраќајот. Наградениот проект на Рашковски „Сообраќаен контролен систем за возила и апарати, определување на просечна брзина и казни“. Според кусото експозе напишано од Рашковски при конкурирањето, а објавено на страната на Форумот, Рашковски е иноватор на интегриран систем од хардвер и од софтвер, за мерење на просечната брзина на возила, работи на соларна енергија, а е поврзан со ГПС. Системот ги чита и следи табличките на возилата, ја мери просечната брзина, по што системот генерира казни за сопственикот на возилото. На пополнетото експозе при конкурирање стои датум фебруари 2020-та. Внесен е и бројот со кој што е патентирана иновацијата, со дата на патентирање од 14-ти март 2018 година, со целосно поседување на правата на Драги Рашковски. Драги Рашковски од позиција генерален секретар на Владата, од ноември 2019-та година, до февруари 2020-та година, води процедура за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци - односно за софтвер за систем за автоматско генерирање на казни за сообраќајни прекршоци. Да потсетам, тоа е систем со исти цели за каков што Драги Рашковски има добиено златен медал за иновација. Драги Рашковски, генерален секретар, прави набавка, плаќа софтвер за МВР во февруари, а набавката се уште не се користи и според најавите и нема воопшто да се користи. Драги Рашковски за јавност самиот објаснува дека биле потребни законски измени и сега, година дена по набавката, да се испитала компатибилноста на набавениот софтвер на Драги Рашковски, со поставените камери до системот „Паметен град“. Зоран Заев, близок на Драги Рашковски, ја отфрли секоја можност за сомнеж кон Рашковски! Почитувани, Фактите се јасни, Драги Рашковски, од позиција на генерален секретар на Владата на Зоран Заев, наместо МВР, набавил софтвер за систем за кој што и самиот е иноватор со патентирано решение од 2018-тата година. Избраното и платено решение од Рашковски не се користи, самиот укажува на непроверена компатибилност пред набавката. Драги Рашковски и самиот е иноватор на софтвер и на хардвер за исти цели за што и ја направил набавката како генерален секртетар на Владата на Зоран Заев. Зоран Заев го амнестираше Драги Рашковски неговиот близок, за оваа набавка. Почитувани, Македонија тоне во корупција на највисоко ниво и ќе продолжи да тоне се додека е Зоран Заев премиер. Зоран Заев го штити криминалот, ја штити корупцијата и отфрла пред фактите однапред било каков сомнеж кон неговите соработници како Драги Рашковски. На Рашковски ова му најмалку втор огромен коруптивен скандал по „Леонардо“, за кој што нема разрешница. Заев во јавноста веќе го амнестираше Драги Рашковски! Прашање: Кој е Вашиот коментар за скандалот кој што излезе во италијанскиот весник „Ла Верита“ за набавката на кинески вакцини за Македонија? Одговор: Наместо за набавка на вакцини мислеле на криминал! Ете тоа е заклучокот! Точно се наведува во „Ла Верита“ што е проблемот, зошто е вратен авансот за вакцини од Кина. За набавка на вакцините од Кина, била избрана фантом - фирма од Хонг Конг, таа фирма била наведена и во писмата испратени од Венко Филипче. Затоа Кина го враќа авансот, затоа Македонија и денеска нема вакцини! Ова е уште еден голем меѓународен скандал, ова е уште едно меѓународно тонење на Македонија во криминал и висока корупција! Луѓе умираат секојдневно, тие избрале фантом фирма посредник за набавка на вакцини од Кина! Наместо на вакцини, се мисли на профит преку фантом фирми! Само еден збор го опишува ова - НЕЧОВЕЧНОСТ! Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. https://www.youtube.com/watch?v=Qh3BfZ8JApo

Остани поврзан