• понеделник, 23 декември 2024

Стоилковски: Граѓаните на минусни температури чекаат во редови за лични документи под секое достоинство, заради неспособноста на Спасовски и Владата

Стоилковски: Граѓаните на минусни температури чекаат во редови за лични документи под секое достоинство, заради неспособноста на Спасовски и Владата

Скопје, 20 декември 2023 

Редиците зад мене се резултат на неспособноста на Оливер Спасовски и на Владата на СДС со ДУИ, кои што се неспособни да овозможат граѓаните на достоинствен начин да извадат лични документи!

И не случајно сме вечерва тука на импровизираниот пункт на МВР, каде што на минусни температури граѓаните се подложени да чекаат во редови надвор за да извадат лични документи.

А, иста ваква слика со метеж и редици е и во пунктот во МТВ за издавање.

Јавноста мора да ја види вистинската слика за неспособноста на Оливер Спасовски, МВР и Владата на СДС.

Ова е срамно, ова е сликата за владеењето на СДС и ДУИ, редици за документи.

Ниту централата за закажување им работеше, ниту центрите за фотографирање им работеа на време, ниту сега имаат воспоставен систем за издавање на документи. Со еден збор - безредие!

МВР наместо да воведува ред, е извор на безредието во Македонија, несигурност и создава проблеми на граѓаните!

Почитувани,

Ако се сака за се има решение. Но, тоа во случај ако се не мисли на тендери и на криминал.

СДС мора да поднесе одговорност, а народот ќе ја испорача сметката за малтретирањето на следните избори! 

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

фото ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан