• недела, 22 декември 2024

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за Георгиевски и советниците во Советот на Гази Баба

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за Георгиевски и советниците во Советот на Гази Баба

Скопје, 30 јули 2021

Борче Георгиевски старо-новиот пулен на Зоран Заев за Гази Баба, брутално и насилнички го презеде советот, го исклучи претседавачот на советот и  украде 150 милиони денари од од општинската каса на Гази Баба . Со една цел- изборен поткуп.

Цели 31 час непрекинато траеше седницата на која советниците на ВМРО-ДПМНЕ го спречуваа грабежот. Спречуваа грабеж и втор ребаланс на општинската каса за само 20 дена. Борче Георгиевски нервозен и во паника зошто не му поминува криминалот направи уште еден криминал и сам донесе одлука за ребаланс, надвор од закон и секоја правна логика. И тоа се откако дозна дека е повторно кандидат за гарадоначалник миленик на Заев.

Георгиевски ја злоупотреби својата службена положба и овластување, и на насилен начин спротивно на закон донесе одлука за гласање на ребалансот на буџет, иако не е претседавач на советот.

Георгиевски е исплашен и до гуша заглавен во криминал.

Видео снимката која ќе ја пуштиме во прилог на оваа изјава покажува како Георгиевски го крши законот, и на сила без правен основ донесува одлука за ребаланс на буџетот.

Ова е кривично дело за кое и Георгиевски и советниците кои гласале ќе сносат одговорност и за кое ќе се најдат пред лицето на правдата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави и против Георгиевски и против советниците кои го гласаа ова незаконие.

А доколку казна нема сега, ќе има по воспоставувањето на правната држава.

Злоупотребите и крадењето се синоним заедно со насилството за  СДСМ. Тоа мора да запре. Нема полошо за Македонија, нема полошо од нејзините криминалци за вашите општини.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан