• петок, 22 ноември 2024

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ не е против градење, туку против градење на диво

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ не е против градење, туку против градење на диво

28 март 2023 

Почитувани,

Ова зад мене е започната дивоградба за која што има основано сомневање дека зад неа стои Артан Груби, а градител е неговиот братучед!

Започнатата луксузна градба со базен е дивоградба затоа што за неа нема дозвола. И затоа градбата е запрена од општината!

Кога се нема дозвола, а се гради, тоа е дивоградба, а тоа е криминал.

Со денови Артан Груби и ДУИ шират лаги дека ВМРО-ДПМНЕ е против градење, а Христијан Мицкоски забранил Албанци да градат во општините, а ова е причината: сопрена дивоградба, градба без документи, на Груби!

Никој не е против градба, ниту има етничка заднина, ВМРО-ДПМНЕ е против криминалот, а градење без документи е криминал! И тоа го боли Артан Груби!

И оваа дивоградба и запирањето на градбата од Општината се причината за Артан Груби да посакува меѓуетнички конфликт да обвинува за дискриминација. Запирањето на дивоградба е причина за Груби да го злоупотреби ДУИ за соопштенија дека ВМРО-ДПМНЕ им забранува на Албанци да градат.

ВМРО-ДПМНЕ не е против градење, туку против градење на диво, на сила. ВМРО-ДПМНЕ е против градењето на криминалот на Артан Груби.

Артан Груби е професионален Албанец кој ја злоупотребува етничката припадност за криминали. Од криминалот на Груби, губат и Албанци и Македонци, а ќар има само тој.

Почитувани,

Ова е веќе петти огромен скандал поврзан со Артан Груби, по дуќанот во Центар, баждарењето на нафтени деривати, хотелот на Шапка, житото од државните резерви... Уште што треба да направи Артан Груби за институциите да почнат да работат?

Почитувани,

По смената на власта, сите до еден случај ќе бидат испитани и одговорност ќе има!

Изјава на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
 
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 
Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан