Стипендии на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за студенти на УКИМ
- Фондацијата „Атанас Близнакоф“ во соработка со Фондацијата МК2025 објави повик за доделување стипендии за академската 2025/2026 година за редовни студенти запишани на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Скопје, 2 јули 2025 (МИА) - Фондацијата „Атанас Близнакоф“ во соработка со Фондацијата МК2025 објави повик за доделување стипендии за академската 2025/2026 година за редовни студенти запишани на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Како што објави Министерството за образование и наука, стипендиите се наменети за поддршка на академски извонредни студенти, со цел да им се овозможи непречено продолжување на високото образование и поттикнување на нивниот личен и професионален развој.
-Стипендијата е во износ од 2.500 американски долари (во денарска противвредност), исплатени еднаш годишно на трансакциска сметка на добитникот на стипендијата. Краен рок за аплицирање е 30 август 2025 година (до 23:59 часот), се наведува во објавата на веб-страницата на МОН.
Сите потребни документи се доставуваат електронски преку платформата. https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/home
Повеќе информации за стипендијата се достапни на линкот: https://www.macedonia2025.com/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba/ хс/са/
Фото: МИА архива