• недела, 22 декември 2024

Стипендии на Британскиот совет за жени од СТЕМ-областите за академската 2024-2025 година

Стипендии на Британскиот совет за жени од СТЕМ-областите за академската 2024-2025 година

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) -  Британскиот совет втора година по ред обезбедува стипендии за магистерски студии на жени од Северна Македонија кои имаат диплома по наука, технологија, инженерство и математика и кои сакаат да ја продолжат нивната кариера во СТЕМ-областите.

Програмата се спроведува во соработка со три универзитети од Обединетото Кралство: Универзитетот Кранфилд, Универзитетот во Глазгов и Универзитетот во Сент Ендрјус, кои нудат вкупно 44 магистерски програми.

Кандидатките од Северна Македонија, заедно со кандидатките од преостанатите земји од Западен Балкан, Централна Азија, Турција и Јужен Кавказ, може да аплицираат за вкупно 15 стипендии.

-За успешните апликантки, програмата за стипендии целосно ги покрива школарините за избраната магистерска програма, месечната стипендија, визата, патните трошоци, здравственото осигурување и трошоците за тестот по англиски јазик ИЕЛТС, наведува Министерството за образование и наука во објабата на веб-страницата. 

Краен рок за аплицирање на универзитетите е 30 април 2024.

Повеќе информации за програмата и критериумите се достапни на линкот: https://bit.ly/496iyW9 На овој линк ќе бидат објавени и датумите за инфо вебинарите со презентација на универзитетите и сесија за прашања и одговори кои ќе се одржат во текот на март 2024. хс/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан