Стејт департмент: САД и Србија потпишуваат договор за стратешка соработка во областа на енергетиката
- Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ и американскиот помошник секретар за економски раст, енергија и животна средина Хозе Фернандез во среда во Вашингтон ќе потпишат договор за стратешка соработка во областа на енергетиката, соопшти Стејт департментот, јави дописникот на МИА од Белград.
Белград, 14 септември 2024 (МИА) - Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ и американскиот помошник секретар за економски раст, енергија и животна средина Хозе Фернандез во среда во Вашингтон ќе потпишат договор за стратешка соработка во областа на енергетиката, соопшти Стејт департментот, јави дописникот на МИА од Белград.
- Помошникот секретар на САД и министерот на Србија ќе одржат говор на официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Србија со цел унапредување на енергетската соработка, се наведува во соопштението.
Фернандез и Ѓуриќ ќе одржат воведни говори пред потпишувањето на договорот.
-Стратешката соработка во областа на енергетиката ќе ги прошири можностите за американските компании да инвестираат во енергетскиот сектор на Србија, вклучително и на промовирањето на американски инвестиции кои ќе ги зајакнат односите меѓу САД и Србија, се заклучува во соопштението.об/