• петок, 23 август 2024

Стејт департментот одобри можна продажба на оружје на Норвешка и на Романија

Стејт департментот одобри можна продажба на оружје на Норвешка и на Романија

Вашингтон, 23 август 2024 (МИА) - Стејт департментот одобри можна продажба на напредни ракети воздух-воздух со среден дострел и придружна опрема на Норвешка и Романија, за проценета вредност од 405 милиони долари, односно 592 милиони долари, објави Пентагон.

Претходно оваа недела Пентагон објави дека Стејт департментот одобрил евентуална продажба на беспилотни летала и ракети „Патриот“ на Италија и Германија во вредност од неколку милиони долари. Стејт департментот даде зелено светло за можна продажба на до 600 ракети „Патриот“ на Германија за проценета цена од пет милијарди долари, а главен изведувач ќе биде компанијата „Локид Мартин“, како и за евентуална продажба на МК- 9 беспилотни летала Reaper за Италија за проценета цена од 738 милиони долари, додека изведувач ќе биде General Anatomics.зш/

Остани поврзан