• петок, 05 декември 2025

Стејт департментот го затвори Центарот за глобален ангажман поради загриженост за слободата на говорот

Стејт департментот го затвори Центарот за глобален ангажман поради загриженост за слободата на говорот

Вашингтон 16 април 2025 (МИА) - Американскиот Стејт департмент официјално ја затвори својата Канцеларија за борба против странска манипулација со информации и вмешаност (Р/ФИМИ), позната и како Центар за глобален ангажман (ГЕЦ), под изговор дека институцијата била користена за задушување на слободата на говорот во земјата.

Според администрацијата на претседателот Донлад Трамп, канцеларијата, за која даночните обврзници плаќале над 50 милиони долари годишно, била злоупотребена од претходната власт на Џо Бајден за да се цензурираат американски граѓани – постапки кои се опишани како спротивни на основните демократски принципи.

- Со години, оваа канцеларија трошеше милиони за да ги замолчи луѓето што требаше да ги штити и тоа запира денеска, се наведува во соопштението од државниот секретар Марко Рубио.

Одлуката доаѓа во услови на зголемени критика дека во САД сè почесто се ограничува слободата на изразување, при што граѓани наводно се соочуваат со клевети, откази од работа или правни последици за искажани ставови.

Властите велат дека затворањето на ГЕЦ е дел од поширокиот ангажман на администрацијата да ги заштити уставните права и да ја обнови довербата во државните институции. кб/

Остани поврзан