• среда, 03 јули 2024

Стефковски: Стајковци добива нов современ спортски комплекс

Стефковски: Стајковци добива нов современ спортски комплекс
Скопје, 24 август 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска направил увид во градежните работи за изградба на новиот спортски комплекс во Стајковци, информираат од локалната самоуправа.
Како што истакна градоначалникот на својот фејсбук профил, Стајковци добива спортски комплекс со игралиште за мал фудбал на подлога од вештачка трева и ново кошаркарско игралиште на кое ќе се вградуваат елементи и за тенис и одбојка.
- Денес направив увид на градежните активности за изградба на спортскиот комплекс кој се гради во населеното место Стајковци. Со изградбата на овој спортски комплекс младите од Стајковци добиваат најсовремен терен за мал фудбал, ново кошаркарско игралиште на кое ќе може да се вградуваат елементи за тенис и одбојка. Ова ќе биде простор на кој младите ќе можат да спортуваат и рекреираат, напиша тој.
Дополни дека ќе предложи до Советот на општина Гази Баба да донесе Одлука со која овој спортски комплекс ќе го носи името на Иван Илиев, дете кое загина во поплавите кои ја зафатија општина Гази Баба во 2016 година.
- Со ова споменот за Иван Илиев ќе биде вечен, напиша Стефковски. ар/нд/

Остани поврзан