• петок, 22 ноември 2024

Стефковски: Полициски патроли ќе има во автобусите сè до целосно надминување на проблемите

Стефковски: Полициски патроли ќе има во автобусите сè до целосно надминување на проблемите
Скопје, 19 септември 2022 (МИА) - Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, попладнево учествуваше во воведените полициски патроли во автобусите на ЈСП Скопје, по немилите настани кои минатата недела се случуваа на територија на општина Гази Баба, а на својот Фејсбук профил објави дека полициски патроли ќе има во автобусите сè до целосно надминување на проблемите.
- Попладнево лично имав можност заедно со претставници на полициската станица од општа надлежност Гази Баба да патувам со автобусот на ЈСП Скопје со број 65 од Автокоманда до Стајковци.
Се сретнав со средношколци но и граѓани со кои разговаравме по однос на немилите настани кои минатата недела се случуваа во овој автобус и мојата порака до сите беше: насилството мора да запре!
Полициски патроли ќе има во автобусите се до целосно надминување на ваквите проблеми.
Моето лично учество во денешната патрола е со цел уште еднаш јасно да ја потврдам мојата решителност како градоначалник на општина Гази Баба за тоа дека вакви настани во иднина нема да дозволиме да се случат, стои во објавата.
Дополни дека секоја институција ќе ги исполнува своите надлежности и, како што наведува, само тогаш системот целосно ќе функционира. ар/дма/

Остани поврзан