• вторник, 22 октомври 2024

Стефковски: Изградено ново детско катче во Црешево кое е 50 по ред во Гази Баба

Стефковски: Изградено ново детско катче во Црешево кое е 50 по ред во Гази Баба

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска бил во населеното место Црешево каде што е изградено ново детско катче со најсовремени реквизити за детска забава.

-Местото на кое е изградено новото детско забавно катче многу често во минатото претставуваше простор на кој се создаваше дива депонија, а истото денеска е комплетно уредено со павер елементи, поставена е урбана опрема и изградено е ново детско забавно катче, рекол градоначалникот Стефковски.

Како што велат од Општина Гази Баба, ова е 50 по ред, детско забавно катче кое општината го има изградено во изминатите три години од мандатот на градоначалникот Стефковски.

Детски забавни катчиња во минатото биле изградени во Автокоманда, Железара, Керамидница, Триангла, Маџари, Ченто, Стајковци, Инџиково, Трубарево, Гоце Делчев, Колонија и други населени места. сст/дма/

фото: фејсбук профил на Бобан Стефковски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан