Стефанишина: Украинските државни регистри беа погодени од најголемиот кибер напад во последно време
- Државните регистри на Украина го претрпеа најголемиот кибер напад во последно време, објави вицепремиерката и министерка за европски и евроатлански интеграции на Украина, Олга Стефанишина.

Киев, 20 декември 2024 (МИА) - Државните регистри на Украина го претрпеа најголемиот кибер напад во последно време, објави вицепремиерката и министерка за европски и евроатлански интеграции на Украина, Олга Стефанишина.
Нападот се случи вчера, кога руски хакери се обидоа да ја нарушат работата на клучната државна инфраструктура, јавија украински медиуми.
Стефанишина на својот фејсбук-профил објави дека цел на нападот биле единствениот и државните регистри, што се во надлежност на Министерството за правда на Украина. мс/
фото: МИА архива