• среда, 20 ноември 2024

Стартува јубилејната 30. сезона во Првата македонска фудбалска лига

Стартува јубилејната 30. сезона во Првата македонска фудбалска лига

Скопје, 6 август 2021 (МИА) – Посиромашна за најтрофејниот македонски клуб Вардар и трикратниот шампион Силекс, викендов стартува новата. 30. по ред, сезона во домашното фудбалско првенство.

Во првото коло, актуелниот шампион Шкендија ќе гостува во Кавадарци кај повратникот во прволигашкото друштво Тиквеш, додека екипата на Брегалница, првиот прволигашки натпревар по подолга пауза, ќе го игра на домашен терен во Штип против вицешампионот Шкупи.

Скопје ќе гостува кај Ренова, Македонија Ѓ.П. ќе се соочи со Пелистер, во Струмица, Академија Пандев ќе игра со Струга Трим Љум, додека Работнички ќе го пречека тимот на Борец.

Комплетното премиерно коло е на програмата в недела, со два термини од 17:30 и 20 часот. ег/бак/

Остани поврзан