Стартува новата сезона во АБА лигата
- Со натпреварот меѓу Цибона и Задар вечерва од 21 часот почнува новата сезона во кошаркарската АБА лига.

Загреб, 20 септември 2024 (МИА) – Со натпреварот меѓу Цибона и Задар вечерва од 21 часот почнува новата сезона во кошаркарската АБА лига.
Во останатите натпревари од првото коло ќе играат Партизан – Борац, Дубаи – Црвена Звезда, Крка – Мега, ФМП – Цедевита Олимпија.
Во новата сезона ќе играат 16 екипи, две повеќе од лани (Суботица Спартак и Дубаи).
Титулата ја брани Црвена ѕвезда, која заедно со Партизан го држи рекордот со освоени седум шампионски трофеи. ег ФОТО: Икс