Стартуваше бесплатната оџачарска услуга во Кавадарци
- Стартуваше бесплатната оџачарска услуга во Кавадарци. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, денеска информираа дека започнува чистењето на оџаци, покрај оџачарската служба, во активно
Кавадарци, 22 јуни 2022 (МИА) - Стартуваше бесплатната оџачарска услуга во Кавадарци. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, денеска информираа дека започнува чистењето на оџаци, покрај оџачарската служба, во активностите се вклучени и претставници од ЈП Комуналец и општина Кавадарци.
-Соработка со цел контрола и квалитет за извршената услуга и подобра координација на терен, околу лоцирање на куќите и станбени згради. Досега има околу 200 барања од граѓаните и се работи по реони, соопштија од градоначалничкиот кабинет.
Оттаму појаснуваат дека како дел од активностите, а кои се во насока на обезбедување поквалитетни услуги на своите жители, општината Кавадарци воведува оџачарска услуга, којaшто подразбира чистење и контрола на уредите за спроведување на чад, со што се овозможува нормално функционирање на оџаците. Оџачарските услуги ќе ги извршуваат стручно обучени и лиценцирани лица од велешка компанија.
-Оваа активност е од големо значење за жителите коишто грејната сезона ја поминуваат на дрва, пелети, јаглен или масло за домаќинството. Со оглед на тоа што неисчистените оџаци не само што го загадуваат воздухот туку се и потенцијална опасност за настанување на пожари, со воведување на оваа услуга, граѓаните не мораат сами да ги чистат оџаците, туку можат да ги користат услугите на стручно обучени и лиценцирани лица, соопштија од Општината.
Oџачарските услуги ќе се вршат со пријавување на телефонски број во ЈП Комуналец, претпријатието има склучено договор со компанијата којашто ќе го врши чистењето на оџаците.
Чистењето на оџаците е бесплатно, парите за таа намена се издвоени од буџетот на општина Кавадарци.свд/лв/