Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата
- ошаркарите на ТФТ Скопје со победа ја отворија новата сезона во БИБЛ лигата, триумфирајќи во воведното коло од регионалното натпреварување над екипата на Сигал Приштина со 81:77 (38:38).

Скопје, 19 октомври 2021 (МИА) – Кошаркарите на ТФТ Скопје со победа ја отворија новата сезона во БИБЛ лигата, триумфирајќи во воведното коло од регионалното натпреварување над екипата на Сигал Приштина со 81:77 (38:38).
На дуелот одигран вечерва во СРЦ „Кале“, кошаркарите на ТФТ ја добија првата четвртина со 23:16, но косовскиот тим возврати со иста мера во втората (22:15) и двете екипи на полувреме заминаа без предност.
Победникот беше одлучен во завршни пет минути кога ТФТ прво со серија од 9-0 се одвои резултатски на 73-64, а во неизвесен финиш потоа ја зачува предноста за стартната победа во групата Б.
Во второто коло на 27. октомври ТФТ ќе му биде домаќин на Академик од Пловдив. ег/дма/