• недела, 22 декември 2024

Стартна победа на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026

Стартна победа на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026

 

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) – Македонската машка ракометна репрезентација ја совлада вечерва Естонија во Скопје со 37-33 и со победа ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

Македонија до стартната победа во евроквалификациите дојде многу потешко од очекувањата, откако на полувреме резултатот беше израмнет 20-20, а Естонија во 41 минута имаше и два гола предност (26-24).

Сепак, уследија три интервенции на голманот Кизиќ и серија од 10-3 со која македонските ракометари го вратија водството и го задржаа до самиот крај на дуелот во салата „Борис Трајковски“.

Серафимов со десет голови беше најефикасен во македонските редови, а по седум постигнаа Митев и Кузмановски.

Во рамки на второто коло во групата 1, Македонија в недела ќе ѝ гостува на Литванија. ег

ФОТО: РФМ

Остани поврзан