Стармер и Макрон разговараат во Даунинг стрит 10 за имиграцијата и Украина
- За време на официјалната посета на првиот европски лидер откако Велика Британија ја напушти Европската унија во 2020 година, Стармер веројатно ќе се обиде да го убеди Макрон да се согласи на пилот-договор за враќање на барателите на азил.
Лондон, 9 јули 2025 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер денесака му е домаќин на францускиот претседател Емануел Макрон на ручекот во Даунинг стрит 10, на вториот ден од официјалната посета на францускиот претседател на Обединетото кралство, при што двајцата ќе разговараат за прашања како што се имиграцијата и Украина.
За време на официјалната посета на првиот европски лидер откако Велика Британија ја напушти Европската унија во 2020 година, Стармер веројатно ќе се обиде да го убеди Макрон да се согласи на пилот-договор за враќање на барателите на азил.
Таквиот договор би му помогнал на британскиот лидер да го исполни своето ветување да го запре протокот на десетици илјади луѓе во Велика Британија преку Ламанш.
Макрон вчера изјави дека шефовите на француската и британската дипломатија работат на ова прашање и дека се надева на опипливи резултати уште оваа недела.
Франција во минатото отфрлаше договор за барателите на азил, тврдејќи дека Велика Британија треба да преговара со ЕУ како целина.
Двете земји, исто така, работат на создавање воена сила што би ја поддржала Украина во случај на прекин на огнот меѓу Киев и Москва, а трговската и одбранбената соработка беа теми на говорот на Макрон во вторникот.
Макрон и Стармер, исто така, ќе присуствуваат на состанок со бизнис лидери.
Француската енергетска група „Енжи“ денеска соопшти дека ќе инвестира 1,2 милијарда евра во складирање на енергија во Велика Британија, откако беше потпишан договор од 1,1 милијарда фунти со француската компанија EDF за изградба на нуклеарна централа во источна Англија.сд/
фото:ЕПА